Шнити со чоколадни бананчиња
Состојки
- За пандишпан
- 6 белки
- 6 лажици шеќер
- 12 лажици мелени ореви
- 2 лажици брашно
- 1 лажица какао
- 1/2 пакетче прашок за печиво
- За фил
- 1 л млеко
- 3 пакетчиња пудинг од ванила
- 10 лажици шеќер
- 6 жолчки
- 4 пакетчиња ванилин шеќер
- 250 гр маргарин
- Останато потребно
- 12 чоколадни бананчиња
- малку ситно сечкани ореви
Подготовка
Пандишпан
1. Белките пенасто се матат со шеќерот и во нив се додава брашното со пецивото, какаото и мелените ореви и се промешува со дрвена лажица
2. Во плехчето од рерната на хартија за печење се паче смесата во загреана рерна околу 15 мин.
3. Откако ќе се испече пандишпанот се сече на три ленти по должина
4. Јас лентите ги попрскав со малку топло млеко (околу 100 гр)
5. Лентите се филуваат
6. Врз втората и третата лента се редат по должина по 6 чоколадни бананчиња
Фил
1. Во 100 мл млеко се раствара пудингот
2. Останатото млеко се загрева со шеќерот
3. Жолчките се матат со миксер и во нив се додава растворениот пудинг, па сето тоа заедно се истура во врелото млеко и се вари крем
4. Настрана се мати маргаринот и се додава во изладениот пудинг
Се реди
1. Лента пандишпан
2. Фил
3. По 6 чоколадни бананчиња
4. Лента пандишпан
5. Фил
6. По 6 чоколадни бананчиња
7. Лента пандишпан
8. Фил
9 Сецкани оревчиња за декорација