Испечати

Домашна чорба од копани и буковки

Домашна чорба од копани и буковки

Состојки

  • 5 копани
  • 4 моркова
  • 2 помали компира
  • 2 печурки буковки
  • 1 мала главичка кромид
  • 2 коцки пилешки за супа
  • малку јадра сол
  • малку црн бибер мелен
  • малку магдонос
  • 2 грста тестенина (тарана или фиде)

Подготовка

1.Копаните, морковите и компирот се варат околу 30 мин.
2. Кромидчето ситно се сечка и се запржува на тивок огин на малку масло заедно со ситно сечканите печурки
3.Сварениот зеленчук се пасира
4. Копаните се чистат од коските и месото ситно се сечка
5.Зеленчукот и месото се додаваат кај печурките и малку се попржуваат со нив
6. Се додава водата во која се вареле копаните и се зачинува
7. Откако ќе зоврие супата се додаваат двете коцки за супа и тестенината - јас ставив фиде во форма на ѕвездички
8. Откако ќе се свари чорбата се додава ситно сечкан магдонос и се послужува