Испечати

Бурек со зелка, месо и морков

Бурек со зелка, месо и морков

Состојки

  • За тесто
  • 7 кори за пита
  • 50 мл. маслиново масло
  • Фил
  • 250 гр. мелено месо
  • 200 гр. ситно сецкана зелка
  • 1-2 моркова (зависно од големината)
  • 2 главици кромид
  • 2 лажици сецкан магданос
  • по 1 лажичка сол, бибер, мелен црвен пипер и кумин (бахар)
  • За прелевање
  • 300 мл. млеко
  • 50 мл. маслиново масло
  • 100 гр. рендан кашкавал
  • 1 кесичка пециво
  • прстофат сол

Подготовка

Малку поинаков бурек кој нема да ве остави да бидете рамнодушни кон него, особено кој го сака овој зачин Кумин (бахар). Доколку го немате куминот- јас слободно би го заменила со мелен Ким ...
Постапка
Наjпрвин го спремате филот
- Ситно исецкајте го кромидот, зелката и изрендајте го морковот.
- Во тавката ставете го маслиновото масло па најпрвин го издинстајте кромидот колку да омекне и добие лесно жолтеникава боја. Сега додадете го месото и продолжете да го целото тоа заедно динстате додека месото само ја смени бојата, по што ќе ја ставите зелката и морковот. Продолжете уште некоја минутка да целото заедно се пржи, осолете, додадјте го биберот, црвениот пипер, магданосот и куминот. Добро промешајте и веднаш тргнете настрана да се олади. Потоа поделете го на пет еднакви дела (ова за филување на корите)
Внимавајте при осолувањето, имајте во предвид дека следи залевање со додаток од кашкавал.
Оформување
- Модлата бр.28 см. лесно ја премачкајте со зејтин, постелете хартија за печење.
- Земете две кори кои малку ќе ги премачкате или напрскате со зејтин, преклопете, згужвајте ги и поставете ги на дното на модлата онака згужвани.
- Земете една кора, премачкајте ја со зејтин, ставете еден дел од филот, замотајте во ролат, исечете на 10 парчиња. Наредете ги во модлата исечените парчиња со пресекот нагоре. Повторете ја постапката и со останатите 4 кори.
- Прелејте го вака подготвениот бурек со преливот кој ќе го направите така што јајцата, млекото, зејтинот, прстофатот сол и ренданиот кашкавал. Додадете го пецивото, ќе ги измешате со вилушка или со жица. Не е потребно посебно матење на јајцата.
-Печете го бурекот во претходно загреана рерна на 180 степени или додека не добие убава боја.
Напомена
Количината на зејтинот со која ги прскаме корите не е напишан во состјкита затоа што и јас не знам колку потрошив. Нормално ги само премачкувате или попрскувате... толку... уживајте!