Испечати

Посен ролат со мармалад и ореви

Посен ролат со мармалад и ореви

Состојки

  • Тесто
  • 400 мл масло
  • 400 мл млака вода
  • 2 пецива
  • 1 ванила
  • Фил
  • 300 гр сецкани ореви
  • 720 гр мармалад
  • Шербет
  • 600 мл вода
  • 1 кг шеќер
  • 1 ванила
  • 700-800 гр брашно (можеби и повеќе, по потреба да се замеси тесто)

Подготовка

1. Се меси тесто,се дели на 4 дела и се остава да отстои 1 час.
2. Од секој дел се сука послаба кора,се мачка со мармалад и се попрскува со сецкани ореви.
3. Се витка како ролат,се става во плех,се сече цик цак и треба да отстои 30 минути,па потоа се пече.
4. Се попарува во плехот каде што се печел ролатот со шербет кој се вари 15 минути откако ќе зоврие.
5. Треба да стои во шербетот најмалку 1 час.Потоа се валкаат во кокос.