Полнета печена пастрмка
Состојки
- 1, 500 гр. пастрмка
- 250гр. пелати од конзерва(лупени домати)
- 1 врзоп магданос
- 3 чешиниња лук
- по потреба сол и црн пипер
- по потреба маслиново масло
- 1 лимон
Подготовка
1. Убаво исчистете ја измијте ја пастрмката. Во случајот кај мене беше само едно парче кое беше 1 кг и 400гр. а вие може да употребите и помали парчиња за полнењето.
2. Лукот исчистете го не го сечкајте на помали парчиња. Во еден сад додајте ги пелатите, лукот, исечканиот магданос, солта и црниот пипер и промешајте.
3. Наполнете ги пастрмките со смесата од пелати, ставете ги во тава за печење намастена со маслиново масло. Врз пастрмките нанестете малку од маслиновото масло и од лимонот на ленти.
4. Печете во загренана рерна на 180 степени околу 45 минути до 1 час зависно од тоа како ви загрева рерната.
Послужете ја со лимон, зелена салата и уживајте!