Испечати

Посни галети

Посни галети

Состојки

  • 450 гр брашно
  • 2,5 шољи масло (од малите)
  • прстофат сол
  • 250 мл пиво
  • 1 лажичка рамна, пециво
  • мармалад по желба

Подготовка

Сите состојки се ставаат во сад и се мешаат со миксер. Треба да добиеме смеса од меко тесто налик како тесто за мекици. Пред да го загрееме апаратот за вафли го премачкуваме со масло. Во добро загреаниот апарат за вафли, ставаме со лажица од тестото и ги печеме галетите.
Ги јадеме со мармалад или по желба. Галетите се многу вкусни. Горниот слој кога ќе го каснеш има нежна крцкавост, а внатрешниот слој е многу мек.

Реакцијата дома кога им ги направив беше „си се надминала себе си“....А бе колку поубави и посодржителни рецепти имам подготвено, ама претпоставувам беа особено гладни, па им се видоа и ептен убави =)