Испечати

Апетитни тортиљи

Апетитни тортиљи

Состојки

  • 6 теста за тортиљи
  • 400 гр пилешки гради
  • 200 гр црвен грав од конзерва
  • 2 лажици кисела павлака
  • сечкана зелка
  • 100 гр кашкавал
  • 1/2 лута пиперка, а може и цела
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1/2 лажичка мелен црн бибер
  • сол по вкус

Подготовка

Рецепт за брза подготовка на храна, за овој брз животен стил кој не знам дали тој не води или ние него.

1. Пилешкото месо го сечкаме на коцки и го пржиме, убаво, на малку масло.
2. Го ставаме гравот од конзерва, пропржуваме кратко, па ја ставаме киселата павлака.
3. Го ставаме и ситно насечканото луто пиперче, зачините и промешуваме да се спојат сите состојки.
4. Секоја тортиља ја загреваме во микровална печка или во тавче.
5. На секоја тортиља рендаме кашкавал, ставаме од смесата со месото и врз неа ставаме сечкана зелка. Ги мотаме тортиљите и сервираме.

Добар апетит!

Забелешка
Може и сами да си сварите грав, јас имав во конзерва па го искористив него, за ручекот да ми биде побрзо спремен. Доколку имате малишани како кај мене, одвојте си дел од полнењето во кое нема да ставате лута пиперка.