Испечати

Зачинета сол

Зачинета сол

Состојки

  • 10тина лути пиперчиња
  • 5 лажици сув рузмарин
  • 300гр крупна сол
  • 3 шољи вино

Подготовка

За приготвување на оваа сол може да употребите различни билки (нане, босилек, лаванда, магдонос, жалфија...), цитрусни овошја (рендана кора), сушен зеленчук (лук, кромид, домати, морков, пиперки...), суви печурки, црвено вино или комбинација по избор.

Јас приготвив сол со рузмарин и два типа на сол со лути пиперчиња, поситна и полута, и покрупна која е помалку лута.
Односот на сол-зачин е според вкус. Може да започнете со однос 1 лажица зачин – 4 лажици сол.
Состојките (рузмарин и сол / лути пиперки и сол)се ставаат во блендер или мелница за кафе и се меле додека не се соединат. Ако сакате поситна сол мелете подолго. Доколку на пример користите свежи лути пиперчиња/рузмарин тие ќе ја навлажнат солта, па треба да се остави да се потсуши пред да ја соберите.

За припрема на сол со црвено вино ставете 3 шолји црвено вино и 1 шолја сол. Виното треба да се загрее до вриење и потоа постепено да се намалува температурата. Кога количината на вино ќе се намали (отприлика 15-20 минути вриење, зависи од ширината на садот и количината на виното) и ќе стане погусто веднаш се додава солта. Потоа се распределува на плех и се остава 2 дена да се суши или пак се суши во рерна.

Солта се користи за подготовка на сите јадења во кои ги користите и зачините. Исто така може да се користи и како сол за капење (на пример солта со лаванда или лимон и потокал).