Домашна богата крема за лице,тело и коса
Состојки
- 70гр кокосово масло ладно цедено
- 1 лажица масло од невен или бадемово
- 1 лажица глицерин
- 50мл дестилирана вода
Подготовка
Кога ке ја направите кремата никогаш повеке нема да сакате да користите друга крема за лице. Едноставно и брзо се прави. Се топи кокосовото масло на пареа и после тоа му се додаваат маслото од невен и глицеринот. Се остава да се стегне смесата, па се мати со миксер да се добие убава пенеста смеса, на крај се додава ладна дестилирана вода па се мати уште 10 минути.
Кремата се собира во соодветна кутија за крема. Може да се додаде половина лажица Витамин Е во вид на масло, спречува да се расипе, но и без него верувам дека долго ќе трае. Кремата можете да ја користите за лице,како крема за тело исто и како маска за коса, како регенератор,против опагање на косата,против првут, за сјајна и убава коса, за сува коса за се што ке посакате.
Наместо масло од невен можете да ставите бадемово масло, јас одбрав од невен бидејки невенот е супер за кожата против стареење.