Брзи лиснатици со сушен домат
Состојки
- 1 пакување лиснато замрзнато тесто
- 50 гр сушени домати
- 1 јајце за премачкување
Подготовка
Лиснатото тесто се остава да се одмрзни. Се става на набрашнета површина за месење, се посипува во малку брашно и се растегнува со сукало во правоаголна форма. Внимателно да не испука тестото и да не биде премногу тенко.
Сушените домати се сецкаат, се ставаат над тестото и се додава босилек. Двата краеви по должина се премачкуваат со јајце за да се залепи тестото при виткање.
Тестото се витка во ролат и се сечат делови, исти по големина, по околу 2 прсти и се редат во плех на хартија за печење. Се премачкуваат со јајце, се посолува и се става сусам по желба.
Се печат во предходно загреана релна додека се кренат и поруменат.