Тути фрути мафини
Состојки
- 1 јајце
- 2 лажици кафен шеќер
- 1 пециво
- 125 гр маргарин
- 250 мл млеко
- 300 гр брашно
- 150 гр микс од суво овошје( брусница, суво грозје, сува кајсија, орев...)
Подготовка
Многу едноставни за спремање, а многу вкусни мафини.
Јас ги обожавам
Прво во вангличка се става маргаринот и се мати 2 минути.
Се додаваат јацето и шеќерот и се мати колку да се соединат.
Се додава млекото, брашното и пецивото и на крај сецканото суво овошје.
Убаво сето се промешува со лажица.
Се става од смесата во калапи за мафини( излегуваат 12 парчиња) и се печат околу 30 минути на 180 степени.
По желба се наросуваат со шеќер во прав.