Испечати

Видео рецепт: Ролат со пилешки стек и грашок

Видео рецепт: Ролат со пилешки стек и грашок

Состојки

  • За ТЕСТОТО ќе ви треба:
  • 5 мали јајца
  • 5 лажици брашно
  • 3 лажици масло
  • 1/2 прашок за пециво
  • малку сол
  • 150 мл. млака вода
  • 200 гр. грашок од конзерва
  • За ФИЛ ќе ви треба:
  • 2 парчиња пилешки стек
  • 100 гр. мајонез
  • 100 мл. павлака
  • рака магдонос
  • 1 лажица кари
  • сол, бибер и маслиново масло

Денес ќе готвиме заедно со Марија, готвач член на нашата веб-страница. Марија ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Ролат со пилешки стек и грашок.

Солен ролат со грашок во тестото, со полнење од павлака, мајонез и пилешки стек. Декоративно јадење за секоја трпеза.

Подготовка

Чекор 1: За подготовка на тестото со миксер изматете ги јајцата. Додадете маслото, млака вода, прашок за печиво, брашно и малку сол. Измешајте убаво со жица за матење. Смесата истурете ја во Ростер тавата.

Грашокот извалкајте го во брашно за да не пропадне на дното, и распоредете го врз смесата за тесто. Печете 15 минути на 180 степени. Оставете го да се излади пред да го филувате.

Чекор 2: За подготовка на филот парчињата пилешки стек пресечете ги на половина, премачкајте ги со маслиново масло и зачини и испечете ги на Грил тавата од двете страни.

Потоа исечкајте ги на ситни коцки, па додадете ги мајонезот, павлаката, магдоносот и зачините. Измешајте ги убаво.

Чекор 3: Премачкајте го тестото со филот, па завиткајте го во ролат. Доколку сакате, целиот ролат можете да го премачкате со тенок слој на мајонез или павлака за биде посочен. Оставете да отстои, па сервирајте и декорирајте по желба.

СОВЕТ: Можеби овој рецепт ви делува дека е само за посебни прилики и прослави, но ние ви препорачуваме веднаш да го пробате и да си го разубавите денот.