Испечати

Солени стапчиња со бело вино

Солени стапчиња со бело вино

Состојки

  • 700гр брашно
  • 300мл бело вино
  • 1/2 коцка маргарин (125гр)
  • 1 прашок за пециво
  • 4 лажичиња сол

Подготовка

Во подлабок сад ставете го брашното, прашокот за пециво и солта.

Маргаринот растопете го и ставете го и него во садот. Замесете тесто со постепено додавање на виното. Доколку има потреба додадете или намалете ја количината на виното. Месете додека да добиете меко тесто.

Тестото поделете го на неколку дела и од секој дел расукајте правоаголна кора. Од едната страна кората наросете ја со сусам, а од другата со буковец. По желба може да ја наросите со крупна сол, ким или афион.
Исечете ја кората на ленти со дебелина од околу 1см и секое стапче свиткајте го како спирала.

Наредете го стапчињата на плех на кој сте ставиле хартија за печење. Печете 15-20 мин на температура од 180-200 степени.