Чудо од целер
Состојки
- 600 гр корен од целер
- 100 гр кромид
- 2 чешниња лук
- малку мешан зачин, мелена мајчина душичка, црн мелен бибер, маслиново масло и бело вино
Подготовка
Откако ќе го исчистите коренот од целер и исецкајте го на тенки кришки пресечени на половина. Во Вок тава на оган ставете малку путер и маслиново масло па пропржете го ситно исечканиот кромид и лук зачинети со мешавината од зачини, па додадете го целерот и ставете 3 лажици бело вино и три лажици вода. Оставете да се динста едно половина час додека не омекне целерот, повремено додавајќи вода ако за тоа има потреба. Ова предјадење се сервира со салата од рукола и црвени патлиџани.