Испечати

Телешка чорба

Телешка чорба

Состојки

  • 1 телешка коска,
  • 500 гр телешко месо
  • зеленчук по желба и потреба
  • За запршка
  • малку масло
  • 1 голема лажица брашно
  • Зачини по желба

Подготовка

Во поголемо тенџере се става коската, месото исечено на парчиња, исечканиот зеленчук, се налева со вода и се вари околу 3 часа коската да се распадне. Откако ќе се свари се процедува, коската се вади, месото ситно се сецка, зеленчукот се пасира, при пасирањето се додава и лукчето да се испасира и се враќа во тенџерето, се додава и исечканото месо. Се става повторно на оган да зоврие. Се додава зачин, сол црн пипер, се остава пак да зоврие. Се запржува со масло и 1 лажица брашно, ама светла запршка , не многу пропржено брашното. По желба се става црн пипер.