Испечати

Крокети од пилешки стек и грашок

Крокети од пилешки стек и грашок

Состојки

  • 600 гр пилешки стек
  • 120 гр замрзнат грашок
  • 120 гр ситно рендан кашкавал
  • 1 лажица ситно сецкан магдонос
  • 1 лажиче мајчина душичка
  • 1 лажиче рузмарин
  • 1 коцка за супа
  • 2 јајца
  • по потреба сол и црн пипер
  • За поховање
  • 1 јајце
  • по потреба презла
  • по потреба масло за пржење на крокетите

Подготовка

Пилешкиот стек ставете го во тенџере со вода и додајте ги коцката за супа, рузмаринот, мајчината душичка, малку сол и црн пипер. Оставете го да вари додека омекне. На крај додајте го и грашокот и тој да вари 5 минути.
Извадете ги посебно во чинии.
Пилешкиот стек исечете го на помали парчиња, ставете го во сецко и иситнете го. Префрлете го во сад и додајте го кашкавалот, јајцата, магдоносот и сол и црн пипер по вкус. Измесете ја смесата да се изедначи. Сега додајте го и грашокот и нежно мешајте за да не се изгмечи.
Со влажни раце од смесата направете крокети долги 5-6 цм. Потоа извалкајте ги во изматено јајце во кое сте додале малку сол и во презла.
Пржете ги во загреано масло а потоа извадете ги на кујнска салфетка.
Послужете ги топли со прилог од ориз, компир, салата или со кечап, мајонез тартар сос и сл.