Киндер млечни тортици
Состојки
- Пандишпан
- 5 помали или 4 големи јајца
- 15 лажици шеќер
- 15 лажици масло
- 12 лажици млеко
- 15 лажици брашно
- 1 прашак за пециво
- 1 ванилен шеќер
- 2 лажици какао
- Фил
- 350 мл слатка павлака
- 170 гр кондензирано млеко
- 1 лажица мед
- 1 ванилен шеќер
Подготовка
Подготовка на пандишпанот
Јајцата пенесто изматете ги со шеќерот и ванилата додака се удвојат и постанат светли. Додадете ги маслото и млекото и повторно изматете. Потоа додадете ги заедно измешани брашното, какаото, пецивото и кратко изматете да се изедначи смесата.
Истурете ја по подмачкано со путер и набрашнато плехче (35х20) и печете во претходно загреана рерна на 180-200 степени околу 20-25 мин. Оставете го да олади.
Подготовка на филот
Слатката павлака со медот и ванилата изматете ги во цврст снег потоа додајте го кондензираното млеко и уште малку изматете ги да се изедначат.
Пандишпанот со остар голем нож хоризонтално исечете го на половина.
Едната половина ставете ја во плехчето и нанесете го целиот фил, порамнете го и ставете ја другата половина пандишпан.
Тортата покриена со фолија ставете ја во фрижидер 2-3 часа да се стегне и излади, потоа сечете правоаголници и послужете ги наросени со шеќер во прав.