Ролнички од тесто со фил од праз, соја и урда
Состојки
- 30 гр свеж квасец
- 125 мл млака вода
- 125 мл млако млеко
- 1 јајце
- 30 мл маслиново масло
- 1 лажиче сол
- 1/2 лажиче шеќер
- 80-100 гр свинска маст за премачкување
- фил
- 50 мл масло
- 3 страка сецкан праз
- 100 гр урда
- 100 соини трошки
- сол, бибер
- 100 гр ржано брашно
- 350-400 гр бело брашно
Подготовка
Пак јас со тесто, со праз.... мојата слабост
Најпрво се ставаат соините трошки во чаша со вода да набабрат.
Потоа се процедуваат од водата.
На оган се пржи исецканиот праз, па се додаваат соините трошки и се запржува уште 1-2 минути.Се трга од оган, се зачинува и се додава урдата.
Сега во малката вода се става квасецот со шеќерот и малку брашно да се активира.
Се додаваат останатиите состојки и се замесува средно меко тесто.
Се остава да кисни 15 минути.
Потоа тестото се дели на 16 топчиња.
Секое се расукува во мала коричка.
Се редат на 2 места по 8 корички.
Секоја коричка се премачкува со свинска маст и се редат едно врз друго.
Најгорната не се премачкува.
Од првото купче се развлекува кора во правоаголна форма.
На крајот се става од филот се витка мала ролничка и се сече на 5 парчиња отприлика долги по 5-6 цм.
Постапката е иста до крај.
Се премачкуваат со изматено јајце, се солат со сусам ,киснат 15 минути, па се печат околу 30 минути на 200 степени.
Одлично одговараат со кисело млеко или јогурт.