Видео рецепт: Торта со лимон и боровинки
Состојки
- За ТЕСТО ќе ви треба:
- 230 гр. несолен путер (собна температура)
- 220 гр. (1 1/8 ш.) шеќер
- 100 гр. (1/2 ш.) кафеав шеќер
- 4 големи јајца на собна температура
- 1 лажица екстракт од ванила
- 375 гр. (3 шолји) сенаменско брашно
- 1 лажица прашок за печиво
- 1/2 лажичка сол
- 240 мл. (1 шолја) млеко со 1 лажица лимон
- кора и сок од 3 средни лимони
- 275 гр. смрзнати боровинки (плус за декорација)
- 1 лажица брашно
- За КРЕМ ќе ви треба:
- 225 гр. крем сирење
- 115 гр. (1/2 ш) несолен путер (собна температура)
- 250 гр. (2 ½ ш) шеќер во прав
- 1-2 лажици слатка павлака за матење
- 1 лажичка ванила
- прстофат сол
Фичо ќе ни подготви вкусна торта со ароматично тесто од лимон и боровинки, и фил со вкус на крем сирење.
Подготовка
Чекор 1: Најпрво пригответе го закиселеното млеко - Buttermilk. Во една шолја млеко додадете го сокот од еден лимон. Промешајте, оставете да отстои 5 минути и млекото е спремно за употреба.
Чекор 2: Пенесто изматете го путерот, додадете го шеќерот и кафеавиот шеќер и матете додека смесата не се изедначи. Додадете ги јајцата и екстрактот од ванила или ванилиниот шеќер и продолжете со матењето додека не добиете хомогена смеса.
Чекор 3: Во посебен сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и малку сол. Додадете ја претходно изматената смеса со јајца и матете додека смесата не се изедначи. Додадете го и закиселеното млеко, кората од лимон и сокот и мешајте со лажица да се изедначи. Многу е важно смесата да не ја прематите.
Чекор 4: Боровинките извалкајте ги во брашно и лесно промешајте ги низ смесата. Подобро е ако боровинките се смрзнати, инаку може да го обојат тестото.
Чекор 5: Печете во загреана рерна на 180 степени 20-25 минути. Проверете со чепкалка дали е готово.
Чекор 6: За кремот убаво изматете го крем сирењето, околу 3 минути. Матете на помала брзина и додавајте го шеќерот во прав, ванилата и малку сол. По потреба додадете 1 голема лажица слатка павлака за да добиете густ крем.
Чекор 7: Филувајте, декорирајте по желба и оставете да се стегне.
СОВЕТ: Користете закиселено меко бидејќи дава влажност на тестата, пандишпаните и колачите да бидат меки и сочни.