Аполинарис колач
Состојки
- 5 јајца
- 250гр. шеќер
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 100гр. мелени лешници
- 225гр. брашно
- 50гр. какао во прав
- 1 пакетче прашок за пециво
- 150мл. зејтин
- 150мл. газирана вода
- За премачкување
- 100гр. чоколадо за готвење
- 1 лажица путер
- неколку лажици кршени лешници
Подготовка
Јајцата и двете врсти на шеќер матете ги околу 8 минути додека да добиете убава, светла, кремаста смеса.
Во еден длабок сад, измешајте ги брашното, пецивото, какаото и мелените лешници. Оваа смеса постепено додавајте ја во смесата од јајца и шеќер. Откако се убаво ќе се спои, на крај додадете ги водата и зејтинот. Изматете кратко па префрлете ја смесата во подмачкан и побрашнет долг калап со димензии 27,5*10.
Печете во претходно загреана рерна на 150 степени околу 75-90 мин. (направете проба со дрвена чепкалка).
Откако ќе се испече, оставете го колачот околу 20 мин. во калапот па потоа извадете го и оставете на решетка убаво да се излади.
Чоколадото и путерот стопете ги на пареа. Премачкајте го изладениот колач одозгора со чоколадото и посипете со кршени лешници.