Испечати

Брз и лесен колач со вишни

Брз и лесен колач со вишни

Состојки

  • Пандишпан
  • 3 јајца
  • 1 чаша јогурт
  • 2 чаши шеќер
  • 3 чаши брашно
  • 1 пециво
  • Фил
  • 250 гр вишни

Подготовка

1. Се делат жолчките од белките, белките се матат во цврст снег. Се додаваат жолчките,па шеќерот и добро се мати.
2. Се додаваат останатите состојки и се истура во плех намачкан со масло.Одозгора се става овошјето,па се пече на 200 степени.
3. Кога ќе се излади се посипува со шеќер во прав.
Чашите за мерење се од 200 мл.

Може да се направи торта или мафини(од 1 мера излегуваат 12 мафини).Исто така може и со овошје по желба.