Испечати

Ролат обланди со суви смокви

Ролат обланди со суви смокви

Состојки

  • 400гр. вода
  • 500гр. шеќер
  • 250гр. путер или маргарин
  • 200гр. суви смокви
  • 100гр. суво гројзе
  • 150гр. сецкани ореви
  • 500-550гр. бисквити (мелени)
  • 3 лажици какао
  • 1 пакување обланди (5 кори)

Подготовка

Ролатот топло ви го препорачувам, пред се затоа што може да се искористат сите пет листа од обландите. Количеството на фил е доволно за два големи ролата со по два листа и еден помал ролат со еден лист.
Подготовка.
1. Во касерола ја сипуваме водата заедно со шеќерот и путерот (маргаринот) да зовријат.
2. Откако ќе ни се стопи путерот(маргаринот) касеролата ја тргаме на страна и ги додаваме сецканите суви смокви, суво гројзе и сецканите ореви.
3. Полека во оваа течност малку подоладена ги додаваме мелените бисквити. Смесата убаво се промешува додека да се соединат состојките.
4. Обландите се ставаат на мокра крпа да омекна.
5. Смесата ја делиме на два дела и во едниот дел ставаме какао.
Почнуваме со филување додека филот е уште топол нанесуваме фил и убаво ја премачкуваме едната кора со светол фил потоа втората кора со потемен фил, мотаме цврст ролат.
Забелешка.
Немојте премногу да ја мокрите крпата, нека биде влажна и немојте да ги држите многу време во неа обландите. Филот распоредете го убаво да се пополнат сите дупки на обландите.Последната една кора ја филуваме пола од црниот фил пола од посветлиот фил и ролуваме.