Крем салата од цвекло и пилешко месо
Состојки
- 400 гр цвекло
- 500 гр пилешко месо
- 100 мл мајонез
- 200 гр кисела павлака
- 1/2 лажиче мелена сол
- 1/2 лажиче црн бибер
- 1 лажица мешан сув зачин
- 1,5 лажица маслиново масло
- 1 лажица винска киселина
Подготовка
Ставете го пилешкото да се вари. За тоа време, излупете го цвеклото, исечете го на покрупни парчиња и ставете го и него во посебен сад да се свари. Едно по едно измелете ги во блендер до степен на ситни парчиња. Префрлете ги во длабок сад и додадете ги останатите состојки. Се убаво измешајте. По потреба досолете. Кој сака по желба можи да додаде и магдонос.