Зеленчукова супа со кисел карфиол
Состојки
- 1 пашканат
- 1 целер
- 1 домат
- 1 - 2 моркова
- 1 компир
- пола китка магдонос
- по вкус кисел карфиол од туршија
- малку масло
- по вкус сол, мешан сув зачин, црн мелен пипер
- 1 коцка за супа од зеленчук
- 2 литра вода
Подготовка
Ова е брза за подготовка и високовитаминска супа. Воедно е и посна. Одлична е за со секој ручек. Особено е добра за љубителите на кисело.
Карфиолот се двои на мали парченца. Магдоносот се сецка, а другите намирници се рендаат. Ренданите намирници се пропржуваат во маслото на тивко. Се додава водата, коцката за супа и се зачинува по вкус. Се вари супата. Десетина минути пред да биде готова се додава магдоносот за да остане релативно свеж. Супата се трга од оган и се додава карфиолот.
Нормално, квалитативниот состав не е ограничен. Може да додадете и друг вид на зеленчук (брокула, лукче, кромид, итн.), како и фиде.
Бон апети!