Посни обланди со два фила
Состојки
- 1 обланда
- Фил 1
- 2 чаши шеќер
- 2 чаши вода
- 125 гр маргарин (коцка)
- 100 гр чоколадо
- 250 гр мелени бисквити
- 200 гр кокос
- Фил 2
- 100 гр шеќер
- 50 мл вода
- 100 гр чоколадо
- 125 гр маргарин коцка
- 250 гр мелени ореви
- 50 гр мелени бисквити
- Глазура
- 100 гр чоколадо
- 3 супени лажици масло
- 200 гр бисквити
- 200 мл сок од свежи портокали
Подготовка
Обландата се сече на пола.
ФИЛ 1
Шеќерот и водата се ставаат да зовријат, се додаваат маргаринот и чоколадото се трга од оган и се додаваат мелените бисквити и кокосот, се меша убаво.
ФИЛ 2
Водата и шеќерот се ставаат да зовријат, потоа се додава маргаринот и чоколадото да се стопи, се трга од оган и се додаваат мелените ореви и бисквити. Оставете да се излади, да биде млако.
Врз обландата се нанесува половина од првиот фил, па се реди ред потопени бисквити во сок од портокал, потоа се нанесува вториот фил и повторно се реди ред бисквити потопени во сок од портокал и се става вториот дел од првиот фил врз него се става и другата половина од обландата.
Се става во фрижидер неколку часа за убаво да се стегне, потоа се прелива со глазура. Чоколадото со маслото се топи и потоа се налева врз изладената обланда и се посипува со мелени бисквити или кокос по желба и се остава да се стегне и потоа се сече. Чашите што ги користев се од 2 дл.
На здравје !!!