Гнезда со лобода
Состојки
- 450гр брашно
- 1 кесичка (10гр) сув квасец
- 1 чаша/ 180мл кисела павлака
- 150мл млака вода
- 1 рамна лажица сол
- фил
- 500гр лобода
- 150гр сирење
- 1 јајце
Подготовка
Се замесува тесто и се остава да стаса.
Откако ќе стаса се развлекува кора која се премачува со филот и се преклопува на половина, а потоа се сече на парчиња. Секое парче лесно се рола, значи само се завртува да се добие кружен облик со што филот би останал во средина. Одозгора се премачкува со изматената жолчка, се оставаат да стасаат околу 20 минути и се печат.
фил
Лободата се попарува со врела вода, вриена и се остава 5 минути во поклопен сад. Се сецка на поситни парчиња и се меша со сирењето и белката од јајце.
Лободата има понежни, покревки листови затоа не мора да врие, доволно е само да се попари. Формата на домашниве им заличи на птичје гнездо и затоа и името е такво