Чоколаден мус со ликер од портокал
Состојки
- За чоколадниот мус
- 150гр темно чоколадо
- 250мл слатка павлака
- 2 јајца
- 40гр шеќер
- За нугат
- 80гр непечен кршен бадем
- 150гр шеќер
- 50мл ликер од портокал
Подготовка
Стопете ја чоколадата на пареа. Потоа тргнете го садот од оган и додадете ги жолчките и оставете го чоколадото малку да се излади.
Во меѓувреме изматете ја слатката павлака и додадете ја во чоколадото. Потоа изматете ги и белките со шеќерот. Додадете ги во чоколадото и полека измешајте додека смесата не се изедначи.
За подготовка на нугатот, направете карамел од шеќерот така што ќе го ставите во загреан сад на средна температура. Кога шеќерот ќе се карамелизира додадете ги бадемите. Карамелизираните бадеми ставете ги на намрсена хартија за печење и кога ќе се оладат искршете ги на помали парченца.
Парчињата бадем ставете ги на дното на чаша за мартини. Потоа додадете го ликерот покривајќи околу ¼ од бадемите (доколку немате ликер во 50мл бренди, коњак или виски додадете неколку капки екстракт од портокал). Остатокот од чашата наполнете ја со мусот од чоколадо.
Одозгора украсете со кршени бадеми или карамелизирана кора од портокал.