Испечати

Видео рецепт: Баклава со вишни

Видео рецепт: Баклава со вишни

Состојки

  • За БАКЛАВАТА ќе ви треба:
  • 500 гр. кори за баклава
  • 150 гр. мелени ореви
  • 150 гр. сечкани ореви
  • 3 лажици гриз +2 лажици за вишните
  • 150 гр. шеќер
  • 350 гр. вишни
  • За ШЕРБЕТ ќе ви треба:
  • 600 гр. шеќер
  • 400 мл. вода
  • 2 ванили
  • 1/2 лимон
  • Ќе ви треба:
  • 250 гр. путер

Денес ќе готвиме заедно со Даниела, готвач член на нашата веб-страница. Даниела ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Баклава со вишни.

Баклава со освежителен вкус на вишни кој не смеете да го пропуштите. Оние кои пробаа рекоа дека е најдобра!

Подготовка

Чекор 1: Прво пригответе го шербетот бидејќи врелата баклава се прелива со ладен шербет.

Шеќерот и водата ставете ги да зовријат и варете го шербетот 8 минути откако ќе зоврие. Додадете ги ванилите и сокот од лимон. Оставете на страна да се олади.

Чекор 2: Оревите сомелете ги поситно и покрупно со сецко. Мелените ореви, шеќерот и 3 лажици гриз измешајте ги во подлабок сад.

Сечканите ореви измешајте ги со исчистените вишни и додадете 2 лажици гриз.

Најдобро е да користите свежи или смрзнати вишни. Не ги препорачуваме вишните од компот. Путерот растопете го.

Чекор 3: Земете една кора, попрскајте ја со путер, па со смесата од мелени ореви. Над неа ставете ја втората кора и повторете. Потоа ставете трета кора, на едниот крај ставете од филот со вишни. Замотајте во ролат . Повторете со сите кори.

Чекор 4: Баклавата исечете ја на парчиња, наредете ја во тавата, прелијте ја со преостанатиот путер и ставете ја да се пече. Печете прво 10 минути на 200 степени, а потоа околу 40 минути на 150 степени.

Пред да ја извадите баклавата од рерна, рерната вклучете ја повторно на 200 степени 1-2 минути, убаво да се потпече, да крцка.

Чекор 5: Извадете ја и попарете ја со ладниот шербет. Нека отстои неколку часа за да впие од шербетот, па сервирајте.

СОВЕТ: Оваа овошна баклава е со посвеж вкус и полесна за јадење. Можете да ја пробате и со кајсии или друго овошје.