Испечати

Корички со пица фил

Корички со пица фил

Состојки

  • ½ кг готови кори
  • Фил 1
  • 300 мл топла вода
  • 150 мл масло
  • 1 квасец
  • 6 лажици брашно
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • Фил 2
  • 350 гр рендана салама
  • 350 гр рендан кашкавал
  • 350 гр сецкани печурки

Подготовка

1. Во еден сан ги мешаме сите состојки од првиот фил додека не добиеме хомогена смеса
2. Се земаат 2 кори, со лажица ставаме од филот и премачкуваме. Потоа врз нив ставаме уште една кора, повторно премачкуваме и ставаме кашкавал, салама и печурки. Виткаме ролат
3. Ролатите ги ставаме во подмачкан плех. Ги сечиме на парчиња. Со остатокот од првиот фил ги премачкуваме ролатите
4. Печиме во загреана рерна 10 минути на 200 степени и 20 минути на 180 степени