Шарени тортички
Состојки
- бело тесто
- 3 јајца
- 3 лажици шеќер
- 1 лажица масло
- 3 лажици брашно
- црно тесто
- 3 јајца
- 3 лажици шеќер
- 1 лажица масло
- 3 лажици брашно
- 1 лажиче какао
- за полнење
- 20 кругови ресана кекси со вкус на портокал
- сок од 1 портокал
- жолт фил
- 270 мл млеко
- 2 лажици шеќер
- 50 гр путер
- 50 гр бело чоколадо
- 1 пудинг со вкус на ванила
- кафен фил
- 270мл млеко
- 2 лажици шеќер
- 50 гр путер
- 50 гр црно чоколадо
- 1 пудинг со вкус на чоколадо
Подготовка
Декоративни и вкусни тортички.
Пробајте ги
Прво на вообичаен начин се прави жолтото тесто.
Се матат јајцата со шеќерот, па се додават маслото и брашното.
Се истура во плех и се пече 15 минути на 180 степени.
Се лади, па од него се сечат кругови.
За црното тесто иста е постапката, со тоа што пред да го додадам какаото оделив малку од смесата.
Го нанесов во плех црното тесто и го ишарав со одделената жолта смеса.
Се печи, се лади, па и од него се вадат кругови со истата форма.
Во касерола се вари жолтиот пудинг до згуснување, па се додаваат белото чоколадо и путерот.
Во друга касерола се вари чоколадниот пудинг до згуснување, па се додаваат путерот и црното чоколадо.
Сега се зема едно жолто кругче, врз него се става чоколаден фил, па ресана натопена во сок од портокал, врз неа се става жолт фил па од црното кругче тесто.
Нежно се притиска и со фил се обложува и страничниот дел.
Се валкаат во мелени ореви.
Постапката се повторува се додека не се истроши материјалот.
Декорирајте по желба, со јатка орев, вишна.....