Ванилици со ореви
Состојки
- 300гр. маст
- 3 жолчки
- 1 квасец свеж
- 1/2 шоља млеко
- 100гр. мелени ореви
- 1 лимон(сок)
- 600-700гр. брашно
- 1 пакетче (8-10 гр) ванилин шеќер
- мармалад по желба
- За валкање
- 100-150 гр шеќер во прав
Подготовка
Ретро рецепт од моето детство ванилици со маст и ореви.
Подготовка.
1. Во пластичен сад, со мискер го матиме ванилин шеќер, маста и жолчките додека не добиете пенеста смеса. Додадете сок од лимон, филџанот млеко заедно со подквасениот квасец,оревите и додавајте постепено брашно.
2. Со раце, месете се додека не добиете фино, мазно тесто. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете во фрижидер барем половина час да се одмори.
3. Одмореното тесто расукајте го со дебелина од 2мм и со помош на модла вадете форми. Остатокот од тестото повторно расукајте го и повторно вадете форми.
4. Тавата за печење обложете ја со хартија за печење и врз неа ставете ги ванилиците за да се печат.
5. Печете на 180 степени, околу 10 до 15 минути, водејќи сметка да не потемнат. Оставете ги да се оладат
6. Една ванилица премачкајте ја со мармалад и залепете ја со друга ванилица.
ДОБАР АПЕТИТ!!!
Во наредниот рецепт што ќе го пратам ќе ви дадам идеја како да ги искористите белките.