Испечати

Посна кремаста торта

Посна кремаста торта

Состојки

  • потребно за тесто
  • 300 гр брашно
  • 300гр мелени ореви
  • 400 мл кисела вода
  • 200 гр шеќер
  • 50 мл масло
  • 1 пециво
  • потребно за крем
  • 1200 мл вода или соино млеко
  • 4 пудинг од чоколада
  • 2 лаж густин
  • 12 лаж шеќер
  • 1 маргарин
  • 200 гр прав шеќер
  • 150 гр мелени посни бисквити
  • 100 гр ореви
  • 100 гр чоколада
  • потребно и 500 мл посна слатка павлака

Подготовка

Подготовка 
Шеќерот го раствараме во киселата вода да се стопи и го додаваме маслото. Останатите суви состојки претходно заено ги измешаме и додадеме кај водата заедно да се соединат.
Смесата ја печеме во голем плех 39 см од електричен шпорет обложен со хартија за печење на 200 степени. Готовото тесто го сечеме на 2 дела.

Подготовка на кремот.
Соиното млеко или вода поголем дел ставете го со шеќерот на оган, а во другиот дел растворете го пудингот и густинот и додадете во зовриената вода и варете густ крем па тргнете да се излади.
Маргаринот изметете го со прав шеќерот и додадете го изладениот крем постепено лажица по лажица. Потоа додадете ги мелените бисквити сецканите ореви и ренданата чоколада соединете се заедно.
Редење:
кора, крем тенок слој слатка павлака, кора, крем, преостанатата слатка павлака.