Пита со праз
Состојки
- 500гр. готови кори
- 4 страга праз
- 1/2 коцка свеж квасец
- 1/2 литар кисела вода (може и обична)
- 10 лажици брашно
- 1 лажиче шеќер
- 50мл. зејтин
Подготовка
Празот издробете го и испржете го, па додадете сол и бибер по вкус.
Квасецот растворете го во подлабок сад со млака вода и шеќерот. Во садот додадете ја водата, зејтинот и малку сол. Со постојано мешање со жица додавајте го и брашното.
Секоја кора најпрво премачкајте ја со смесата, па потоа попрскајте ја со празот. Свиткајте ја во ролна и ставете ја во намрсен плех. Постапката повторете ја додека има кори. Доколку ви остане од смесата и празот може да ги додадете врз корите во плехот.
Питата ставете ја во ладна рерна и уклучете на 200 степени. По 15 мин. Намалете ја температурата на 180 и печете уште 20-30 мин.