Перфето
Состојки
- 200 гр млеко во прав
- 100 гр мелени ореви
- 100 гр шеќер во прав
- 1 портокал ( кората и сокот )
- 2-3 лажици маргарин ( путер)
- 200 гр бело чоколадо (за премачкување на калапите)
Подготовка
Може да кажам едни од највкусните колачиња за периодот кој престои. Начинот на кој се прават исто така лесен. Млекото во прав, шеќерот и оревите ги мешам додавам рендана кора од портокал и сокот, на крај замесувам со 1 лажица марагрин ( путер ) и постепено ставам ако треба уште.
Топам 200 гр бело чоколадо на пареа и ги правам во силиконски калапчиња. Силиконските калапчиња се премачкуваат со четка, се оставаат во фрижидер да се стегнат и повторно се премачкуваат со белото чоколадо. Се полнат со смесата и се затвара горниот дел од колачето ( излегуваат околу 35 ).