Испечати

Kуглоф со спанаќ

Kуглоф со спанаќ

Состојки

  • 4 јајца
  • 12 лажици брашно
  • 1 пециво
  • 5 лажици зејтин
  • 150гр салама
  • 150гр сирење
  • 6 лажици обарен спанаќ
  • прелив
  • 250гр обарен спанаќ
  • 3-4 лажици мајонез
  • 150 гр бело сирење

Подготовка

Јајцата се мата со зејтинот, а потоа се додава брашното измешано со пецивото. Убаво се меша и се додаваат ситно сецкана саламата, дробеното сирење и обарениот и исецкан спанаќ. Убаво се меша смесата и се истура во калап. Калапот убаво се премачкува со маргарин. Се пече околу 30 минути на 180 додека се одлепат краевите од калапот.
Печеното тесто се превртува на чинија и се премачкува со премазот.
Спанаќот се обарува и заедно со мајонезот се блендираат во чоперот или др блендер и се добива убава кремаста маса. Се премакчува колачот и се ренда сирење.