Испечати

Слатко кисело пилешко на кинески начин

Слатко кисело пилешко на кинески начин

Состојки

  • 500 ГР пилешко бело месо
  • 250 гр ананас од конзерва
  • 1/2 чаша сок од ананас од козерва
  • 1/4 чаша шеќер
  • 1/4 чаша вински оцет (најдобро балсамико)
  • 1 чаша вода

Подготовка

Најнапред се пропржува пилешкото месо исечено на коцки и во вок тавата се додаваат зачините.
Во тенџерче се става сокот од ананас, водата и шеќерот и се загрева на тивок оган. Се додаваат лимоновиот сок и оцетот. Откако ќе проврие оваа смеса се додава полека брашното претходно растворено во малку вода и со постојано мешање се остава да се згусне смесата до степен на сируп.
Во вок тавата се става ситно исецканиот кромид да зарумени на малку путер и маслиново масло, па се додаваат пиперките исецкани на лентички и морковот или на кругчиња или уште подобро изрендан на ленти, па откако ќе омекне зеленчукот (а во смесата може да додадете и зелка исецкана на ленти) се додава и месото за да се изедначат вкусовите, па одозгора се полева со веќе приготвениот сируп.
Се вари рижото или нудли и се сервираат како гарнир или додаток на ова пилешко на кинески начин. За прелив користете малку соја сос, за да се додаде и соленост во овој калеидоскоп од вкусови. Пријатен здрав ручек кој што навистина заситува, а не содржи калории. По желба врз месото се ставаат парчиња ананас од конзерва!