Carrot cake
Состојки
- Пандишпан
- 300 гр брашно
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1/2 - 1 лажичка пимент
- 1 лажица какао
- 4 јајца
- 200 гр шеќер
- 100 гр кафеав шеќер (темен мусковадо)
- 150 гр масло
- 120 гр млеко
- 2 лажички ванила екстракт
- 500 гр ситно рендани моркови
- 100 гр суво грозје
- Крем
- 400 гр крем сирење
- 250 гр бело чоколадо
- 100 гр путер
- 1-2 лажици млеко
Подготовка
Мојата роденденска. Сочна и многу вкусна, а ако не им кажете на „јадачите“ со што е, нема ниту да претпостават.
Подготовка на пандишпанот
Измешајте ги брашното, прашокот за печиво, содата, какаото и пиментот. Јајцата изматете ги пенесто со двата вида шеќер, па додадете ја ванилата, маслото и млекото. Потоа додадете ги сувите состојки мешајќи со миксерот на најмалата брзина. На крај ставете ги морковите и сувото грозје и измешајте со лажица.
Смесата излијте ја во калап (ф 26 или 28) обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 175°С околу 50 минути (проверете со чепкалка).
Печениот пандишпан извадете го од калапот и оставете го да се излади. Потоа пресечете го на два дела (краевите засечете ги со остар нож, а потоа со конец исечете ја внатрешноста).
Подготовка на кремот
Чоколадото растопете го на пареа и оставете го да се подолади, но сеуште да остане во течна состојба.
Со миксер изматете ги крем сирењето и омекнатиот путер, па додадете го чоколадото. Се убаво изматете и ако е многу густ кремот додадете 1-2 лажици млеко.
Тортата исфилувајте ја со кремот и декорирајте по желба. Јас го употребив моето слатко од домати бидејќи сакав малку боја да внесам (беше одлична комбинација и на вкусови), но најчесто се употребуваат јаткасти плодови (ореви, лешници, бадеми...). Најдобро е да ја оставите да преноќи во фрижидер, а потоа уживајте.
Пријатен апетит!