Лесен и едноставен ручек
Состојки
- 3 главици кромид
- 600гр. стек
- 4 компири
- 4 моркови
- 600гр печурки
- зачини сол,мешан сув зачин,бибер
Подготовка
3 главици кромид и 600гр. стек се пржат во тава. Се претураат во земјена тава и се додаваат сецканите компири, моркови и печурки. Се додава сол, мешан сув зачин и бибер. Се залеваат со вода и се ставаат во рерна. При крајот се става една лажица рамна запржено брашно. Се служи со павлака како додаток,.
Добар апетит!