Испечати

Гурабии

Гурабии

Состојки

  • тесто
  • 1 шолја пиво
  • 2 шолји масло
  • 1 пакетче пециво
  • по потреба брашно
  • по потреба јатки од ореви
  • за шербет
  • 1.5 шолја вода
  • 5 полни лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • по желба рендана кора од лимон
  • кристал шеќер за посипување

Подготовка

За да си ја прославам наградата која што ја добив за најдобар нов готвач,како што е ред си направив нешто благичко за да тргне на убаво....Ова е еден рецепт од тетратката на мајка ми од тие страни каде што буквите речиси и целосно избледиле и каде има многу замастени букви (во превод правен мал милион пати), запишан под име Радовишки гурабии зошто си влече жичка од таму...

Во длабок сад го ставаме пивото, маслото, брашно и пециво и замесуваме средно меко тесто како за леб. Од тестото кинат топчиња кои ги притискаме со рака за да добиеме долгнавест облик и во средината ставаме една јатка од орев. Се виткаат како кифлички и се печат во загреана релна на 200 степени 5 мин, потоа се намалува температувата на 150 и се печат уште 15-тина минути односно дури не поруменат. Кога се печени ги вадиме од релна и оставаме да се изладат.

Во меѓувреме се спрема шербетот. Се остава на оган водата и шеќерот да проврие и се додава ванилин шеќер и рендана кора од лимон.Оставаме шербетот да врие уште 4-5 мин.Гурабиите ладни се потопуваат во врел шербет во кој се оставаат некои 10-тина секунди и се валкаат со кристал шеќер...Супер комбинација за во зима, за пред камин со топол чај.На здравје