Лажни пирошки
Состојки
- Тесто
- 400гр. просеано брашно
- 1 пециво
- 1 кафено лажиче сол
- 1 кафено лажиче оригано
- 1 јајце
- 200гр. рендана салама
- 200гр. рендано сирење
- 200мл. јогурт (одстоен на собна т.)
- За пржење
- по потреба масло
Подготовка
Зошто лажни пирошки?
Навидум заликуваат на пирошки, но сите знаеме каков е составот и начинот на подготовка на пирошките...Кога ни се брза, можи да се *извадиме* и со ова пециво... )))
Од сите наведени состојки се замесува средно тесто.
Се завиткува со најлонска фолија и се става во фрижидер на 1-2 часа, да се стегни тестото, полесно да се работи.
После овој временски период, се става тестото меѓу две намрсени најлонски фолии и со оклагија се отвора кора со дебелина од 1цм. Со разни калапчиња си вадиме форми или пак едноставно може да се прават бомбици.
Се ставаат да се пржат во длабока загреана мрснотија. Се превртуваат неколку пати, додека поруменат. Се вадат на кујнска хартија за да се впие вишокот мрснотија.
Може да ги послужите со Тартар сос.
На здравје!!!
*По желба можи да ги извалкате во благо разматена белка, па во презла.Тогаш уште повеќе ќе личат на пирошки...)))
*Пржете во подлабок сад, бидејќи малку прскаат.