Брза пита со спанаќ, морков и компир
Состојки
- 4 јајца
- 1/2 лажиче сол
- 250 мл јогурт
- 100 мл маслиново масло
- 1 пакетче пециво
- 100гр бело сирење
- 1 морков
- 1 среден компир
- 250 гр бланширан и исцеден спанаќ
- 3 лажици палента
- 6 лажици бело брашно
Подготовка
Многу брза и вкусна пита за доручек со чаша јогурт.
Прво во сецко на Делимано се сецкаат морковот и свежиот компир( значи жив) и сирењето.
Во вангличка се матат јајцата со солта да запенат.
Потоа постепено се додаваат јогуртот, маслото, па сите останати состојки.
Убаво сето се промешува со лажица , се истура смесаат во мала ростер тава и се печи околу 40 минути на 180 степени.
По желба се наросува со сусам.