Данско пециво
Состојки
- 300мл. млеко
- 20гр. квасец
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 700-800гр. брашно
- 1 жолчка
- 200 гр путер
- жолчка за премачкување
- фил
- 400мл. млеко
- 4 жолчки
- 80гр. шеќер
- 30гр. густин
- 50гр. путер
- шам
- 4 белки
- 8 лажици шеќер
Подготовка
Данското пециво е благо полнето лиснато пециво кое ја прослави Данска и стана нејзин специјалитет како и на останатите скандинавски земји. Првото вакво пециво потекнува од Виена и на дански значи Виенски леб. Данското пециво преубаво изгледа и изобилува со мириси, се топи во уста и ги остава без здив сите кои ќе го пробаат. Еве го мојот начин на подготовка.
Подготовка
1. Квасецот го активираме со лажичка шеќер, млако млеко и една лажичка брашно. Му додаваме 50гр. од путерот, жолчката, млеко и постепено додавајќи брашно замесуваме средно меко тесто. Го оставаме да одстои петнаесетина минути. Откако ќе одстои го премачкуваме со третината од путерот, тестото го диплиме и го ставаме да се одмори во фрижидер половина час. Оваа постапка ја повторуваме три пати.
2. Тестото го развлекуваме во правоаголна кора, од нејзе формираме коцки со димензија 10*10 и дебелина околу еден сантиметар. Секоја коцка ја засекуваме на на рабовите и преклопуваме.
3. Рерната ја вклучуваме на 50степени и веќе готовите кифли ги ставаме петнаесетина минути во рерна да потстасаат. Потоа рерната ја појачуваме на 200 степени и печеме 15-20мин. да добие убава златна боја.
4. Ги матиме жолчките и шеќерот со малку млеко, потоа го додаваме густинот, смесата нека биде без грутчиња. Оваа смеса ја сипуваме во зовриеното млеко и мешаме додека не добиеме убав ванила крем. Оставете го кремот да се излади па додадете го путерот и мешајте додека не добие убав сјаен крем.
5. Белките изматете ги во густа пена, потоа додадете го шеќерот повторно матете. Овај шам додадете го во предходниот крем и убаво измешајте.
Со овој крем полнете ги кифлите и посипете со шеќер во прав.
Забелешка. На моја одговорност и од предходно искуство ги премачкав со жолчка и малку масло за поубава боја. Во оригиналниот рецепт не се премачкуваат.
Добар апетит!!!