Испечати

Цветови со јаболка и мармалад

Цветови со јаболка и мармалад

Состојки

  • За тестото
  • 500мл. вода
  • 1кг. брашно
  • 100мл. сончогледово масло
  • 1 коцка квасец
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажици сол
  • 2 белки од јајца
  • Друго ви е потребно
  • попотреба мармалад од кајсии
  • 2-3 јаболка
  • 2 жолчки од јајца
  • 1 лимон

Подготовка

Започнуваме со подготовка на тестото. Најпрво ја затоплуваме водата, да не биде многу топла.Во неа го додаваме шеќерот и квасецот и мешаме со дрвена лажица додека не се растопи квасецот.
Брашното и останатите состојки за тестото го додаваме во сад за месење, ја додаваме и водата со квасецот и месиме додека не добиеме мазно тесто. Го оставаме да нарасне. Јас го размесувам уште еднаш и го оставам уште малку да постои, така ми е поубаво за работење, а вие како сакате доволно е и еднаш да стаса. За да сте сигурни дека тестото е убаво стасано налегнете со прстот по тестото тоа ако одма не доаѓа во правобитната состојба значи е готово.

На јаболката извадете им ги семките и исечете ги на тенки кришки и полијте ги со сокот од лимонот.
Тестото разделете го на 4 дела и од деловите формирајте топки. Секоја топка расукајте ја на намастена работна површина во форма на квадрат, ако не ви успева перфектно, остранете ги краевите со помош на нож.
Квадратот од тесто расечете го на ленти од 3 см во ширина и околу 20 см во должина.
Лентите премачкајте ги со тенок слој мармалад. На секоја лента ставете по 3 до 4 кришки од јаболката и замотајте ги како на сликата.
Цветовите премачкајте ги со разматените жолчки и печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути или додека не поруменат.
Може да ги послужете го наросен шеќер во прав или само така.
Наздравје!