Сирењачи
Состојки
- 1 кг брашно
- 2 шољи масло
- 1 лажица шеќер
- 1 лажичка сол
- 1 лажица оцет
- 1 сув квасец
- 500 мл млако млеко
- За полнење
- 200-300 гр сирење
- 1 јајце за премачкување
- сусам и ким за посип
Подготовка
Ако ве мрзи да виткате кифли или немате време, еве од мене една идеја како да „стуткате“ вкусно пециво и да бидете ем одморени, ем сите најадени и задоволни =)
Од сите состојки се замесува меко тесто и се остава да стаса, да се дуплира.
Се размесува, па се вадат онолку топчиња колку што сирењачи сакате да добиете. Секое топче го развлекуваме со оклагија да добие овална форма.
Рендаме сирење врз него и го виткаме од пошироката страна во ролат.
Добиениот ролат го виткаме во круг да добие форма на полжав.
Ги редиме во тавче, на хартија за печење или на намрсена тава и ги оставаме да стасаат околу 15 минути.
Ги мачкаме со разматено јајце, а можете и само со жолчка и ги наросуваме со ким и сусам или со семиња по желба.
Ги печеме на 230 степени во загреана рерна.