Испечати

Посно коктел пециво (кифлички, ролни со праз, мини сендвичиња)

Посно коктел пециво (кифлички, ролни со праз, мини сендвичиња)

Состојки

  • тесто
  • 1.5 кг брашно
  • 3 филџани масло
  • 1.5 пакетче пециво
  • 2 лажици сол
  • 2 лажици шеќер
  • 1 коцка свеж квасец
  • околу 700 мл кисела вода
  • фил
  • 2-3 страка праз
  • по потреба посен кашкавал
  • по потреба краставица
  • по потреба маслинки и печурки
  • сенф и сусам за премачкување

Подготовка

Еве едно убаво посно тесто кое ептен може да се изкористи за претстојните посни слави и имендени, и од кое може да правите какви сакате форми, ролатчиња.

Од нараснатиот квасец претходно зафатен со малку топла вода една лажичка шеќер и неколку лажици брашно, преостанатото брашно и сите други состојки за тестото се замесува меко тесто со загреаната кисела вода. Оставаме тестото да нарасне и да го удвои волуменот.

Во меѓувреме се припрема филот за ролатчињата. Претходно исчистениот и исечкан праз се пропржува на малку масло со зачини по желба. Јас ставив сол мешан сув зеленчук а може и малку црвен пипер.

Тестото се дели на онолку дела зависно од тоа колкава сакате да е големината на пецивата. Јас го поделив на 4 дела. Од двата дела расукав округла кора која ја делев на триаголници и виткав празни кифлички.

Третиот дел од тестото се расукува во правоаголна кора, На едниот дел од кората се нанесува филот а другиот крај се засекува со вертикалални засеци како на сликата во додаток. Се витка ролат и од него се сечат малечки ролнички.

Четвртиот дел исто се расукува во кора со дебелина од 0,5 см. Со помала чашка или округла модла се вадат кругови за мини сендвичињата. Сите пецива се оставаат да нараснат повторно. Од горе се премачкуваат со разматен сенф и вода и се наросуваат со сусам. На секое пециво се става мала коцкичка маргарин и се печат на загреана релна на 200 степени 15-тина мин. Од кога се испечени мини сенвичињата се засекуваат во средината и во нив се става мало парченце посен кашкавал, тенко исечена свежа или краставичка од туршија и по желба парченце маслинка или лист печурка. И посната трпеза може да биде убава...добар апетит