Полнето пециво со вкус на пица
Состојки
- 2 пецива-лепчиња за сендвичи
- 100гр кашкавал
- 100гр шунка
- 100гр маринирани печурки
- 2 јајца
- 30гр путер
- сол, оригано по вкус
Подготовка
Многу декоративен, крцкав и вкусен појадок се овие полнети пецива.
Најпрво се длабат пецивата од долната страна.
Им се одстранува средината.
Танко се премачкуваат од надвор со путер.
Во внатрешноста се става сецкана шунка, кашкавал и печурки, се наросува оригано и се ставаат во релна околу 5-7 минути, колку да се растопи кашкавалот.
Се вадат од релната и во средината се крши по 1 јајце.
Повторно се враќаат во релна од 5-7 минути да се запечи јајцето.
Уживајте во пица вкусот.