Мантии
Состојки
- за тесто
- 700 гр брашно
- 1,5 лажиче сол
- 400 мл вода
- за фил
- 40 гр путер
- 2 главици кромид
- 400 гр мелено телешко или јунешко
- 1 лажица мешан сув зачин
- ½ лажиче сол
- ½ лажиче црн бибер
- за прелив
- 200 мл павлака за готвење
Подготовка
Мантии се врста пита со месо. Ги прават во Косово,Босна, Турција, а мене рецептот ми е од една пријателка од Нов Пазар. Многу се вкусни ви препорачувам да пробате.
Во поголем сад ставете брашното,солта и водата па со миксер изматете да добиете меко тесто. Покријте го со крпа и оставете да стои околу 30 минути. Во тава за пржење ставете го путерот да се истопи додајте го ситно исецканиот кромид и динстајте го неколку минути,потоа додадете го месото,вегетата солта и пржете додека испари водата што ја пуштило месото. Кога е готово ставете го настрана да се излади.
Тестото ставете го на побрашнета површина поделете го на 8 топчиња премачкајте ги со путер и оставете ги да стојат околу 20 минути.Секое топче расукајте го малку со сукало па со рацете растегнете кора. Кога е готова првата кора премачкајте ја малку со путер па врз неа ставете друга кора и се така додека имате кори. Добиената кора исечете ја на 15 квадрата и на секој квадрат ставете од филот. Секој квадрат завиткајте го така што прво една па друга страна па трета па четврта. Наредете ги во тавче и премачкајте ги со растопен путер. Печете во претходно загреана рерна на 230 степени околу 35 минути. Кога ќе поцрвенат извадете ги од рерна полијте ги со павлака за готвење и вратете ги уште 5 минути во рерна. Послужете ги топли со јогурт или кисело млеко. Можете да ги направите и порано и да ги замрзнете потоа оставете да се одмрзнат на собна температура и да ги испечете. ПРИЈАТЕН АПЕТИТ