Измислена пита пастрмајлија
Состојки
- За тесто
- 1 кг брашно
- 200 мл кисела вода
- 300-350 мл млака вода
- 1 свеж квасец
- 2 лажички сол
- 2 лажички шеќер
- За фил
- 300 гр сушен свински врат
- 3-4 јајца
- 200 гр сирење
- кечап по вкус
Подготовка
Овој рецепт го доби ова име поради формата што ја има земено од вистинската пастрмајлија. Може да се вика како сакате поради различноста на состојките за филување, ама тоа и не е важно, важно е дека ќе имате вкусно јадење.
1. Тестото го замесуваме со млака вода, на меко и го оставаме да се дуплира, да стаса.
2. Откако ќе стаса, го размесуваме и двоиме парчиња за да направиме форми како пастрмајлии односно како чамци.
3. Редиме сечканото сушено месо и залеваме со матени јајца. На други ставаме рендано сирење кечеп и оригано, па исто така ги залеваме со јајца.
4. Печеме во загреана рерна на 220 степени додека да заруменат.
Мерките на продуктите за фил ги ставам од око, а ова се приближни мерки. Впрочем ставам тоа што ќе ми се најде во фрижидер =)