Лазањи од кори (јувки)
Состојки
- 500 гр кори (јувки)
- 500 гр мелено месо
- 500 гр печурки
- 750 гр доматен сос
- 750 гр бешамел сос
- 300 гр рендан кашкавал
Подготовка
Во тава на оган пропржете го меленото месо, посолете, зачинете со вегета и оригано и тргнете го од оган. Во него додадете ги печурките, претходно ситно исецкани. Сето тоа измешајте го со томатело сосот. Толку.
Тавата за печење намрсете ја со маргарин па започнете со постапката на редење. На дното ставете еден ред од корите (кои воопшто не се варат претходно), додека да се покрие целото дно на тавата. Врз нив посипете ред месо со печурки, па еден слој од бешамел сосот. Постапката повторете ја додека имате зајре (материјал). Најгоре ставете го изренданиот кашкавал и покријте ја тавата со фолија за печење.
Во загреана рерна печете околу 45 минути, па извадете ја фолијата и пак печете уште 10-тина минути, или додека не се зарумени кашкавалот.
п.с. јас користев домашни кори поголеми, а бешамелот го купив готов од маркет =)
На здравје