Испечати

Полжавчиња со маслинки

Полжавчиња со маслинки

Состојки

  • 1 кг брашно
  • 1 квасец зафатен во млака вода, 1 лајче сол, малку шеќер и 2 лајци брашно
  • 200 мл масло
  • 1 лајче сол
  • 1 маргарин

Подготовка

Се меси тестото убаво и се остава покриено 30-тина минути да надојди.
Потоа се дели на топчиња (20-30) помали или поголеми, по желба.
Секој дел се сука во кора не многу тенка, се премачкува со растопен маргарин, се ставаат сецкани маслинки, оригано и се виткаат во полжавчиња.
Се редат во плех премачкан со маргарин и се оставаат да надојдат, околу 20тина минути.
Најгоре се премачкуваат со млака вода, се става сусам и се печат 30-тина минути на 200 степени.